Членовите на босанскиот бенд Дубиоза колектив ги молат фановите да потпишат петиција за нивно учество на годинашниот избор на Евровизија

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Членовите на босанскиот бенд Дубиоза колектив ги молат фановите да потпишат петиција за нивно учество на годинашниот избор на Евровизија, којшто ќе се одржи во мај во Ливерпул.

„Отпочната е петиција за учество на Дубиоза колектив на Евровизија, како претставник на оние кои не се застапени. Црна Гора, Македонија, Бугарија, Словачка, Унгарија и Турција оваа година нема да имаат претставник на европското натпреварување, како ни Босна и Херцеговина, која поради неподмирени долгови кон Европската радиодифузна унија (ЕБУ) веќе 7 години не учествува на Евровизија“, наведува бендот.

Тие сакаат публиката да го даде својот глас на колективното барање ЕБУ да им дозволи 3-минутен настап со кој ќе ги претстават незастапените.

„Дубиоза колектив ќе пее под знамето на Апсурдистан. Дубиоза колектив не сака да се натпреварува, но сака да учествува“, се вели во соопштението. Сите заинтересирани можат да ја потпишат петицијата на следниот линк.

За потсетување, Брано Јакубовиќ во декември во емисија на „BHRT“ најави дека бендот ќе се пријави на ова музичко натпреварување.

Share This Article