Членарината за кредитните картички ќе оди и до 3.000 денари годишно

Lorita
By Lorita 5 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Пред крајот на годината и банките ги поскапеа своите услуги. Граѓаните веќе од овој месец ќе плаќаат повисоки провизии и надоместоци за вадење пари на шалтер во банките, за денарски и девизни трансакции, а ќе плаќаат и повисоки членарини за кредитните картички и за изработка на нови картички. Банките веќе ги информираат граѓаните за новите цени, што е и обврска која произлегува од новиот Закон за платен промет.

Промени на тарифниците има кај скоро сите банки.

НЛБ банка ги зголеми членарините на кредитните платежни картички. Важноста на новите цени е од декември, но, како што соопшти банката, ќе се применуваат по истекот на моменталната членарина на секоја картичка.

– Годишната членарина за MasterCard Light изнесува 1.299 денари, а за дополнителна картичка 700 денари. За картичка VISA Classic MasterCard Gold годишно ќе се плаќа членарина од 1.200 денари за приматели на плата и 1.800 денари за другите корисници, а за дополнителна картичка ќе треба да издвоите дополнителни 800 денари. За VISA Gold MasterCard членарината е 3.000 денари, со дополнителни 1.500 денари за втора картичка а за кредитните MasterCard haPPy картички членарината е 900 денари со дополнителни 600 денари за дополнителна картичка. Во оваа банка има и ЗЕГИН ФАРМ приватна картичка за која членарината сега изнесува 500 денари и за дополнителна 100 денари – велат од НЛБ Банка.

Банката го промени и лимитот за ослободување од членарина кој се однесува на износот на годишниот промет на секој вид кредитна картичка.

Годишната членарина на основната картичка изнесува 300 денари и 200 денари за дополнителна картичка. Пензионерите плаќаат 100 денари членарина.

И Халк Банка ги зголемува членарините на кредитни картички од 1.200 на 1.500 денари, како и надоместоците за изработка на картички од 150 на 200 денари. А се зголемува од 600 на 900 денари и годишната членарина за дополнителните кредитни картички.

Од 20 декември важат новите надоместоци во Комерцијална банка за подигање на готовина на шалтерите на банката од девизни трансакциски сметки, орочени и неорочени депозити и од денарска трансакциска сметка. Надоместокот ќе изнесува 0,1% по налог, односно минимум 30 денари, а максимум 500 денари.

Банките, почнувајќи од 01.01.2023 годинакако обврска од Законот за платен промет треба да го информираат корисникот за промените во одлуките за тарифите на надоместоци за услугите најдоцна два месеца пред датумот на примена на измената.

- Advertisement -
Ad image

Корисникот на платежните услуги е должен да ја извести Банката дали ги прифаќа или не предложените измени пред датумот на примена на измените. Доколку корисникот на платежните услуги пред датумот на примена на измените не ја извести Банката дека ги одбива истите, ќе се смета дека корисникот на платежни услуги ги прифатил предложените измени во тарифата.

Банките на своите веб страници информираа дека и покрај новините кои ги предвидува новиот закон за платен промет во однос на договорите меѓу банките и корисниците, веќе потпишаните договори ќе важат и нема да се потпишуваат нови договори.

Со законот се воведува и посебна платежна сметка со основни функции преку која граѓаните ќе можат да извршуваат платежни трансакции за намирување на нивните сметки за вода, за електрична енергија, за греење и за телекомуникации или трансфер на парични средства на друго лице.

- Advertisement -
Ad image

За извршувањето на овие трансакции, граѓаните ќе плаќаат надоместоци кои не смее да бидат повисоки од 0,1% од просечната исплатена нето-плата во земјата за претходните 12 месеци. Во рамките на овој надоместок, банката ќе им овозможи на граѓаните одржување на платежна сметка со основни функции и извршување на најмалку 5 платежни трансакции месечно кон примач кај истата банка.

Исто така, доколку корисниците припаѓаат на некоја од ранливите категории, граѓаните ќе можат да ја користат платежната сметка со основни функции без надоместок.

фото: pixabay.com

Share This Article