More

    Член на рускиот Совет за безбедност тврди дека дневно се извeзува по 100.000 барели во САД

    spot_img

    САД минатата недела ги зголемила  испораки на нафта од Русија за 43 отсто до 100.000 барели дневно. Ова го изјави заменикот-претседател на Советот за безбедност на Руската федерација Михаил Попов, пренесува бугарски „Стандарт“.

    – САД ги принудија Европејците да наложат санкции кон Русија, додека тие самите продолжуваат да увезуваат нафта од Русија, па во изминатата седмица ги зголемија испораките на „црното злато“ за 43 отсто, до 100.000 барели за деноноќие. Освен тоа, Вашингтон им дозволи на своите компании да увезуваат минерални ѓубрива од Русија, признавајќи ги за суштинска стока – појаснува Попов.

    Според него, Европа треба да очекува од САД и други слични вакви „изненадувања“.

    Некои медиуми го потврдуваат зголемениот американски увоз на руска нафта повикувајќи се и на податоци од Американската агенција за енергетика, а се работи за скорешен период од 19 до 25 март 2022 година, недела во која Американците наводно увезувале по 100.000 барели руска нафта дневно. На почетокот на март увозот достигнувал и количини од 148.000 барели на ден.

    Интересно е што во првата година од изборот на Џо Бајден за претседател, увозот на руска нафта била двојно поголем во споредба со 2020 година, достигнувајќи 72,608 милиони барели.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img