More

    Читателите на усните открија што ѝ шепна Чарлс на Камила: Погледнете го видеото

    spot_img

    Новопечениот британски крал Чарлс беше фатен на камерата додека изгледаше како и се жали на својата сопруга Камила дека му е „ужасно досадно“ бидејќи беше принуден да почека неколку моменти пред да може да влезе во Вестминстерската опатија каде ќе се одржи крунисувањето.

    Во саботата наутро Чарлс пристигна пред опатијата малку пред договореното време и мораше да почека неколку минути пред да влезе во црквата. Вилијам и Кејт, односно принцот и принцезата од Велс, пристигнале малку подоцна и се придружиле на четата што влегла во црквата по идниот крал. Штом Чарлс бил забележан како и кажува нешто на Камила, биле ангажирани читатели на усни за да дознаат што рекол Чарлс.

    „Никогаш сè не може да биде на време. Секогаш има нешто… Ова е толку досадно“, изјави Чарлс.

    Но, можеби зборовите на Чарлс се само одраз на нервозата пред некој важен настан.

    Чарлс и Камила беа крунисани на церемонија на која присуствуваа сто шефови на држави, многу кралеви и кралици и бројни познати личности, а милиони луѓе ширум светот ги гледаа преку ТВ екраните и Интернет.

    Но, иако се изгледаше совршено, работите не одеа баш како што беше планирано.

    „Една или две работи не одеа според планот“, призна по церемонијата бискупот од Челмсфорд, др. Гули Францис-Дехќани. „Но, нема да срамам никого конкретно.

    За време на церемонијата, надбискупот од Кентербери одвои неколку моменти за да ја намести круната на главата на Чарлс. Тој дури и ја вртеше круната на Свети Едвард за да се увери дека е правилно поставена и дека нема да падне – што би било вистинска катастрофа.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img