More

    Чиле го забележа првиот случај на птичји грип кај луѓето

    spot_img

    Чиле го забележа првиот случај на птичји грип кај луѓето, објави во средата Министерството за здравство.

    Птичји грип е дијагностициран кај 53-годишен маж со тешки симптоми на грип, но пациентот е во стабилна состојба, се вели во соопштението на Министерството.

    Владата го истражува изворот на инфекцијата и другите луѓе кои биле во контакт со пациентот. Чиле бележи случаи на птичји грип, H5N1, кај диви животни во изминатата година.

    Последните случаи на фабричките фарми ја принудија владата да го прекине извозот на живина. Истите случаи се забележани и на живинарските фарми во Аргентина, но Бразил, најголемиот извозник на живина, досега нема забележано ниту еден таков случај.

    Чилеанските здравствени власти забележуваат дека вирусот може да се пренесе од птици или морски цицачи на луѓе, но не е познат случај на пренесување на вирусот од човек на човек.

    На почетокот на годината Еквадор го потврди првиот случај на човековото пренесување на птичји грип кај 9-годишно девојче.

    Глобалните здравствени власти тврдат дека преносот на вирусот од човек на човек е многу низок, но производителите на вакцини веќе подготвуваат вакцинации за птичји грип за луѓето „за секој случај“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img