Во следните 16 дена возејќи 2.750 километри низ поранешните Ех-Ју републики ќе се реализира втората велосипедската тура Вера Тур 2023 која утрово стартуваше во Скопје и на 20 април треба да заврши исто така во нашиот главен град.
Чинот и делото на организаторот Александар Стојков, заедно со Лазо Миновски, Владимир Секуловски и Ивица Ангелески кои се дел од тимот велосипедисти, оваа година доби поддршка од Македонскиот Олимписки Комитет и Велосипедската Федерација на Македонија.
Идејата која потекнува и се реализира од Македонија, оваа година со старт и финиш во Скопје, беше силно прифатена и од останатите балкански земји низ кои ќе поминуваат нашите велосипедисти.
Во чест на прослава на животот и човечките вредности, минатата година во чест на сите починати од Ковид-19, четворица велосипедисти ќе тргнат од нашиот град и преку Србија, Хрватска, Словенија и назад преку Хрватска, Црна Гора и Албанија ќе се вратат во македонската престолнина, по извозени 2.750 км за 16 дена со над 19.000 м искачени височини по пат. Финишот е на 20-ти април, со парада по булеварот „Партизански одреди” која ќе заврши со промотивна прослава пред Скопје Сити Мол.
Низ сите споменати држави, нашите амбасади официјално потврдија дека ќе организираат прием на комплетната делегација на Вера Тур, која се состои од 15-тина стандардни членови и повремено други членови во зависност од локацијата каде ќе се поминува. Карванот од четворица велосипедисти, две технички возила и еден кампер, ќе го вее македонското знаме гордо и високо исто како и минатата година.
Во сите споменати држави, големи групи велосипедисти ќе им се приклучат на Македонците, како и организации и професионалци кои со широко отворени прегратки и со воодушевување ја примија информацијата за втората по ред Вера Тур. Низ сите споменати држави, на македонските велосипедисти ќе им се приклучат и полициските организации ИПА.
Дел од експедицијата ќе биде и екипа од Македонската Телевизија, која ќе ги следи сите случувања на Вера Тур 2023, секојдневно ќе известува за состојбата за време на турата и по враќањето ќе подготви по една репортажа за секоја етапа, како и документарен филм за целата велосипедска тура.
Погледнете како изгледаше првото издание од Вера Тур 2022: