More

    Четворица пратеници добија исплаќање на закупнина на стан

    spot_img

    Нови одлуки за апанажа, за исплаќање закупнина, но и за избор на претседател донесоа собраниските пратеници. Согласно денешните одлуки, апанажа во следната година ќе добиваат и поранешните министри за финансии, за економија и за правда.

    Фатмир Бесими, Крешник Бектеши и Кренар Лога ќе добијат апанажа по завршување на функциите во следните 12 месеци. Исто така изгласани беа и барањата за закупнина на стан на пратениците Даниела Христова, Грација Бакрачевска, Јован Јаулески и Јованка Тренчевска.

    Бобан Стојановски, член на Државната изборна комисија беше избран за заменик генерален секретар на Собранието.

    Комисијата денеска не го формираше Комитетот за односи меѓу заедниците поради тоа што ниту една пратеничка група не доставила предлози до претседателот на ова собраниско тело.

    Ристана Лалчевска, ќе прима плата уште шест месеци до остварување на право на пензија, како поранешен член на Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршошната постапка.

    Поранешната генерална секретарка на Собранието Цветанка Иванова ќе го оствари правото на отпремнина при заминување во пензија.

    На седницата во дебата влегоа Илире Даути и Халил Снопче од Алијанса на Албанците во врска со Комитетот за односи меѓу заедниците. Даути бараше точката да биде ставена прва на дневен ред, а пратениците реагираа оти рокот за доставување предлози бил кус.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img