Четворица починати и 178 заболени од ковид-19

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Четворица починати и 178 заболени од ковид-19, информира Министерството за здравство денеска.

Направени се 1.238 тестови, а регистрирани се нови 178 случаи на ковид-19: Скопје – 101, Прилеп – 11, Кавадарци, Гостивар и Охрид по 10, Струга – 8, Тетово – 7, Битола и Неготино по 5, Кочани – 3, Струмица – 2, Куманово, Штип, Гевгелија, Ресен, Радовиш и Дебар по 1.

Од вкупниот број позитивни, регистрирани се 33 реинфекции. Регистрирани сe 592 оздравени пациенти.

Во текот на изминатите 24 часа се пријавени две починати лица од Скопје (72 и 60) починати во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој термин се  регистрирани две починати лица во домашни услови, од Битола (67) и од Струга (65), кои починале во периодот од 13 до 23.07.2022 година.

Досега се дијагностицирани 329.172 лица, бројот на оздравени пациенти е 315.675, на починати е 9.381, а бројот на активни случаи изнесува 4.116. Во Скопје во моментов има 1.725 активни случаи.

Share This Article