Четворица Косовци се приведени вчера откако возеле крос мотори во заштитено подрачје на Националниот парк Шар Планина

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Четворица Косовци се приведени вчера откако возеле крос мотори во заштитено подрачје на Националниот парк Шар Планина.

При вршење теренска контрола службите на ЈУНП Шар Планина во соработка со службите на Министерството за внатрешни работи, во текот на вчерашниот ден, затекнале четири лица државјани на Република Косово кои нелегално ја поминале границата со крос мотори движејќи се по високопланинските пасишта на територија на Национален парк Шар Планина во зоната на строга заштита.

Поради основно сомнение дека се направени прекршувања на повеќе закони меѓу кои и Законот за заштита на природата, лицата биле приведени, а крос моторите одземени и предадени на соодветните државни органи.

Движењето на моторни возила во зоната на строгата заштита е строго забрането и казниво по закон поради деградацијата на почвата и вознемирувањето на заштитените диви животински видови.

Согласно Законот за прогласување на дел од Шар Планина за Национален парк, Јавната установа Национален парк Шар Планина, Република Северна Македонија е должна на територијата на Националниот парк Шар Планина да ја спроведе заштитата на природното наследство.

Со цел да се овозможи мир на дивите животни, заштита на природата и ресурсите во приватна сопственост, како и уживање на љубителите на природата во Национален парк Шар Планина, за движењето со моторни возила на територија на НП Шар Планина е воспоставен режим на движење. Патиштата на кои е воспоставен режим на движење се претставени на карта, која е подготвена во согласност со Планот за управување со Националниот парк и Законот за заштита на природата.

Картата на која се прикажани патиштата по кои е дозволено движење на моторни возила е поставена на информативните табли во паркот и објавена на следниот линк https://www.sarmountain.org.mk/karti-mapi

- Advertisement -
Ad image

„Зоната на строга заштита претставува дел со највисок интерес за заштита, што се карактеризира со изворни, неизменети карактеристики на екосистемите или има сосема мали промени како резултат на традиционални управувачки практики. Зоната за строга заштита е составена од 5 посебни единици, ги опфаќа највисоките делови на Шар Планина кои се граничат со Република Косово т.е. Националниот парк Шара во Косово. Во оваа зона се наоѓаат најзначајните екосистеми и живеалишта: глацијални езера, тресетишта, високопланински пасишта, алпски камењари, вриштини со боровинки, смреки и Empetrum, најзначајните шумски екосистеми, како и значајните предели и најголем дел од значајните видови, особено од васкуларните растенија, дијатомеите, дневните пеперутки итн.“, се наведува во соопштението на ЈУНП Шар Планина објавено на нивната страница на Фејсбук.

Share This Article