Четворица банкари во Швајцарија се на суд бидејќи се обвинети дека помогнале да се сокријат десетици милиони франци во име на Владимир Путин

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Четворица банкари во Швајцарија се на суд бидејќи се обвинети дека помогнале да се сокријат десетици милиони франци во име на Владимир Путин. Мажите се товарат дека ги префрлиле парите во швајцарската банка без да проверат дека тие потекнуваат од Сергеј Ролдугин – кум на најстарата ќерка на Путин, кој некои го опишуваат како „неговиот паричник“, пишува Гардијан.

Ролдугин наводно пласирал 50 милиони долари на швајцарски сметки од Газпром меѓу 2014 и 2016 година. Исто така, тој наводно планирал да испумпува повеќе од 10 милиони долари годишно преку сложена мрежа на компании.

Ролдугин по професија е виолончелист и диригент. Тој претходно за Њујорк Тајмс изјави дека не е бизнисмен и дека секако не е милионер.

За неговиот случај во моментов нема докази, туку само индиции.

– Сите докази се во спротивност со наводите дека Сергеј Ролдугин бил вистинскиот сопственик на имотот – изјави обвинителот Јан Хофман пред судот.

Дека доказ нема пишува и во самото обвинение.

„Добро е познато дека … Путин официјално има приход од само 100.000 швајцарски франци и дека не е богат, но всушност има огромен имот со кој управуваат лица блиски до него… Пријавениот имот, општо земено, не е можно да е сопственост на Ролдугин“.

Путин претходно изјави дека Ролдугин му е пријател, брилијантен музичар и добротвор кој чесно заработил пари од малцински удел во една руска компанија.

Наводната улога на Ролдугин како „паричник“ за Путин беше откриена во 2016 година во познатите Панама фајлови. Тоа беа фајлови објавени во меѓународно истражување направено од британски Гардијан во соработка со други медиуми, вклучително и Меѓународниот конзорциум на истражувачки новинари во Вашингтон и германскиот вежсник Зидојче цајтунг.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article