More

    Четиринаесет загинати во авионската несреќа во Барселос

    spot_img

    Четиринаесет лица загинаа во саботата во авионска несреќа во Барселос, туристички град во бразилскиот Амазон, објави гувернерот на државата Амазонас, Вилсон Лима.

    Во несреќата загинаа 12 патници и двајца членови на екипажот. Нема преживеани, јавуваат бразилските медиуми.

    Според медиумите, станува збор за авион Embraer EMB-110 кој полетал од Манаус, главниот град на државата Амазонас, до Барселос. Летот е долг 90 минути.

    Патниците биле Бразилци кои патувале во регионот поради спортски риболов.

    Засега не се познати причините за несреќата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img