More

    Четиригодишно девојче паднало од 5.кат додека си играло со елката

    spot_img

    Четиригодишно девојче паднало од  5.кат во зграда во Букурешт обидувајќи се да стигне до новогодишната елка која била во близина на прозорецот. Девојчето е пренесено во болница во тешка состојба, пренесува романскиот портал Адеварул.

    Според првичните сознанија, девојчето кое живеело со мајка си, додека си играла со елката која била поставена многу блиску до прозорецот од собата, го отворила прозорецот, изгубила рамнотежа и паднала.

    Откако било стабилизирано, девојчето било пренесено во болницата „Григоре Александреску“ и моментално е на интензивна нега. Според лекарите, нејзината состојба сè уште е многу сериозна, со фрактура на черепот, торако-абдоминална политраума и фрактура на бутната коска.

    Соседите велат дека мајката на девојчето спиела во моментот на несреќата и не ни забележала кога нејзината ќерка паднала.

    Девојчето било пронајдено на тротоар, а соседите веднаш повикале брза помош. Останатите веднаш отишле во станот и ја разбудиле мајката.

    Полицијата започна истрага за трагичниот настан.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img