Четириесет и седум полицајци се повредени на синоќешните протести против францускиот предлог во Скопје

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Четириесет и седум полицајци се повредени на синоќешните протести против францускиот предлог во Скопје. Од нив 11 се потешко повредени. Приведени се 11 демонстранти, а причинета е и материјална штета.

Министерството за внатрешни работи доцна синоќа информира дека се повредени 47 полициски службеници од кои 11 потешко, а двајца имаат сериозни повреди. На сите повредени полициски службеници им е укажана лекарска помош, а потешко повредените се пренесени во медицинските установи за санирање на повредите и за медицинска нега.

За време на протестот оштетени се и прозорците и фасадите на Владата, Собранието и на Министерството за надворешни работи. Скршени се и 16 полициски штитови, повеќе заштитни полициски шлемови и радио-врски, а оштетени се и полициска куќарка пред Собранието и едно полициско возило.

„Констатирани се повеќе нарушувања на јавниот ред и мир од страна на демонстрантите, кои фрлаа со камења, јајца, железни предмети, бекатон плочки, молотови коктели, сообраќајни знаци, канти за ѓубре и пиротехнички средства, како кон објектите, така и кон полициските службеници кои вршеа службени дејства обезбедувајќи ги државните институции, се наведува во соопштението од МВР.

Оттаму информираат дека се приведени 11 демонстранти и дека за време на протестите полицијата не употребила пиротехнички, ниту хемиски средства за разбивање на толпата.

– МВР презема мерки за расчистување на случајот и апелира до организаторите на протестите и до граѓаните да покажат демократски капацитет, протестите да бидат мирни и демократски, да ги сочуваме редот, мирот и безбедноста. Преку насилство кон оние коишто го одржуваат редот, кон македонската полиција и објектите на институциите, не се постигнува ништо. Дијалогот треба да се води во институциите на системот – велат од МВР.

Share This Article