More

    Четири украински градови синоќа беа под силен оган

    spot_img

    Украинските градови Киев, Одеса, Запорожје и Харков синоќа беа под жестоки напади со термобарични боеви глави. На социјалните мрежи можат да се видат драматични снимки од нападите со беспилотни летала.

    Во Харков, вториот по големина град во Украина, најмалку 25 лица се ранети во текот на ноќта во руски напад врз станбена зграда, изјави градоначалникот Игор Терехов.

    Шефот на регионалната државна администрација во Харков, рече дека Русите фрлиле бомби од 500 килограми за време на нападот.

    Украинските служби за итни случаи во Одеса соопштија дека  едно лице загинало, а девет се ранети во нападите, а избувнале пожари во куќи и магацини.

    Како што јавија агенциите, бројот на загинати во вчерашните руски напади врз јужниот украински град Запорожје се искачи на осум.

     

     

     

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img