Четири лица загинаа во судир на хеликоптери во Сиднеј

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Патник во хеликоптер во Австралија се обидел да го предупреди пилотот за претстојниот судар во кој загинаа четири лица, а повеќемина се повредени. На снимка објавена од 7Њуз на Твитер се гледа како човек на задното седиште го тапка рамото на пилотот, пренесува Би-Би-Си. Пилотот ја врти главата во знак на одговор, а патникот потоа се фаќа за седиштето.

Хеликоптерот заедно со уште еден хеликоптер се судриле момент подоцна, при што загинале брачен пар од Велика Британија и двајца Австралијанци во другиот хеликоптер.

 

 

Хеликоптерите биле на разгледување на популарниот парк „Сиворлд“, во превод „Морски Свет“, а требало да се спуштат на т.н. Златен брег. Компанијата која е сопственик на паркот изразила сочуство, но рекла дека превозот со хеликоптери е под капата на независната компанија „Sea World Helicopters“.

Пилотот имал среќа и успеал безбедно да го приземји хеликоптерот откако сечилото од перката на другиот хеликоптер, кој инаку полетувал, влегло во ветробранското стакло.

Пет од шесте лица во хеликоптерот се здобиле со полесни повреди. Уште три лица во другиот хеликоптер се тешко повредени, откако тој брзо паднал на земја.

Четворицата убиени се жителката на Сиднеј, Ванеса Тадрос, британската двојка Дајан Хјуз (57) и нејзиниот 65-годишен сопруг Рон и 40-годишниот пилот на „Sea World Helicopters“ Ешли Џенкинсон, која по потекло е од Бирмингем.

Семејството на Хјуз објави соопштение во кое се вели дека тие „сè уште се во состојба на шок“, објави Еј-Би-Си. Сопругот на г-ѓа Тадрос, Сајмон, на социјалните мрежи барал луѓето да се помолат за нивниот 10-годишен син Николас, кој е еден од тешко повредените и е на интензивна нега.

- Advertisement -
Ad image

Инспекторите велат дека истражуваат што го предизвикало судирот.

– Она што сега треба да го знаеме е што се случувало во двете кабини (на хеликоптерите) за време на летот – изјави комесарот за воздушна безбедност Ангус Мичел за новинарите во средата.

Share This Article