More

    Четири лица загинаа во пукање во близина на џамија во главниот град на Оман, Мускат

    spot_img

    Четири лица загинаа, а други се ранети во пукање во близина на џамија во главниот град на Оман, Мускат, потврди полицијата во вторникот.

    „Кралската Оманска полиција одговори на инцидентот со пукање што се случи во близина на џамија во областа Ал Вади Ал Кабир“, се вели во соопштението на полицијата, пренесува Фена.

    Властите првично известија дека четири лица загинале, а „неколку други“ се ранети во џамија во источен Мускат.

    Истовремено, полицијата соопшти дека „преземени се сите неопходни безбедносни мерки и процедури за разрешување на ситуацијата“.

    „Властите продолжуваат да собираат докази и да спроведуваат истрага за откривање на околностите на инцидентот“, се додава.

    По пукањето, американската амбасада во Мускат издаде безбедносна тревога и ги откажа сите состаноци за визи во вторникот.

    Во објава на социјалната мрежа Х, амбасадата соопшти дека „американските граѓани треба да останат будни, да ги следат локалните вести и да ги слушаат инструкциите на локалните власти“.

    Потврдената снимка на АФП покажува како луѓе бегаат во близина на џамијата Имам Али, со видливо минаре, додека во позадина одекнуваат истрели.

    Се слуша глас кој вели „О, Боже“ и постојано спомнува „О, Хусеин“, мислејќи на имамот Хусеин ибн Али, внукот на пророкот Мухамед.

    Оваа недела, муслиманите од целиот свет го одбележуваат мачеништвото на имамот Хусеин ибн Али, внук на пророкот Мухамед, во битката кај Кербала во 61 хи. (680 г. н.е.).

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img