Четири лица синоќа се тешко повредени од удар на гром во близина на Белата куќа во Вашингтон.
Громот удри во две жени и двајца мажи кои биле во јавниот парк што е лоциран пред резиденцијата на американскиот претседател.
Повредените лица се хоспитализирани, а засега не е објавено во каква здравствена состојба се наоѓаат.