Четири експлозии одекнаа рано утринава во областа Шевченко во украинскиот главен град Киев, изјави градоначалникот Виталиј Кличко. Погоден е станбен комплекс во близина на центарот. Засега нема информации за причините за експлозиите или за жртвите.
„На местото на настанот испратени се екипи на брза помош и спасувачи. Подетални информации – подоцна“, напиша Кличко на Телеграм.
„Се спасуваат и се евакуираат жителите од две згради“, се вели во објавата.
Историскиот кварт, еден од централните во Киев, е дом на голем број универзитети, ресторани и уметнички галерии, пренесува Гардијан.
Агенцијата Франс прес јави дека експлозиите се случиле околу 6.30 часот по локално време, половина час откако се огласиле сирените за воздушниот напад врз главниот град, кој речиси три недели не бил под руско бомбардирање.
Вработените на АФП во погодениот станбен комплекс слушнале силно зуењето што им претходело на експлозиите.