Во организација на невладината граѓанска асоцијација “НАША СТРУГА“, се случи величествено ЧЕСТВУВАЊЕ И ПАНИХИДА за почесниот граѓанин на Струга, Русинот Др Никола Незлобински и неговата сопруга, професор Софија Николајевна Незлобинска. Пригодата ја зголеми присаството на рускиот Амбасадор во Македонија, Господинот Агатон Асатур со сопругата и дел од дипломатската мисија на Русија кај нас.