Германскиот канцелар Олаф Шолц на Твитер го изрази своето задоволство до одлуката на македонското Собрание, со кое беше прифатен т.н. француски предлог, како основа за преговарачката рамка со ЕУ.
Шолц истакна дека македонскиот Парламент го отворил патот кон меѓувладината конференција за Северна Македонија и за Албанија, потенцирајќи дека и двете земји се посакувани членки на ЕУ.
Албанскиот премиер Еди Рама ја ретвитна пораката на Шолц.