ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид го честита големиот празник 2 Август – Илинден.
„Илинден е симбол на непокорот и аманетот од Илинденците и Асномците е да ја чуваме нашата татковина, Македонија.
Вечно нека се вее слободарското знаме на револуционерите!
Делегација на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид заедно со младите од УМС положија свежо цвеќе пред спомениците на хероите од Илинденскиот период во спомен-паркот.
Синоќа во Велгошти делегации оддадоа почит и се поклонаа пред споменикот во чест на херојските дела.
Честит и вековит Илинден!
Вечна Република Македонија!“ – стои во честитката од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.