На големиот ден Илинден во 1903 г. го развиорија знамето на кое пишуваше „Смрт или слобода“ и чесно се заколнаа да се борат за слобода на Македонија. Се развеа знамето на Мечкин Камен над Крушево се создаде првата Република на Балканот – Крушевската.
Идеалите за слободна Македонија никогаш не згаснаа како што згаснаа животите на Илинденците тие продолжија со силна верба во слобода и во среќно утре. Епопејата во Рашанец, борбата во Арбиново, храброста на Методија Патче, Дејан Војвода, Христо Узунов, Аргир Маринчев и други испишаа најсветли страници на Илинден во охридскиот крај.
Илинден е наша недоискажана историја, па во 1944 г. повторно се собраа македонските родољуби со единствена цел своја држава.
Заедно треба да сме свртени кон подобра иднина, но никако не заборавајќи го своето славно минато како аманетот од Илинденците и Асномците!
Да чекориме гордо под слободарското знаме како потомци на револуционери!
Да го сочуваме она што со векови сме го граделе и за кое е пролеана човечка крв!
Да ги чуваме и негуваме придобивките од двата Илиндена, двата столба – Крушево 1903 и АСНОМ 1944!
Делегација на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид и Пратениците во Собранието на Република Македонија од ВМРО-ДПМНЕ положија свежо цвеќе пред спомениците на хероите од Илинденскиот период во спомен паркот во самиот центар на Охрид.
Нека е вечен и честит Илинден!
Нека е вечна и вековита Македонија! – стои во честитката од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.