Честитка од претседателот Пендаровски по повод 21 декември – Денот на наставата на турски јазик

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Претседателот Стево Пендаровски, по повод одбележувањето на 21 декември – Денот на наставата на турски јазик, упати честитка до припадниците на турската заедница во Република Северна Македонија.

Почитувани сограѓани од турската заедница,

Дозволете да ви го честитам 21 Декември – Денот на наставата на турски јазик. Една од првите одлуки на асномска Македонија била да се овозможи настава на мајчин јазик за повеќе заедници, вклучително и за турската. На денешен ден, во 1944 година започнала наставата на турски јазик во скопското училиште „Тефејуз“ со што е ослободен потенцијалот на заедницата, чувајќи го својот идентитет и развивајќи ја својата култура, да придонесува кон општото добро.

Корените на денешниов празник ѝ претходат не само на современата македонска држава, туку и на современата турска држава. Годинава се одбележуваат 100-годишнината од основањето на Република Турција и 95-годишнината од јазичните реформи и воведувањето на новата турска азбука што за кратко време довеле до масовно описменување.

Турската заедница дава уникатен придонес кон изградбата и кон развојот на нашата заедничка македонска татковина и збогатувањето на соживотот во македонското мултиетничко, мултијазично и мултирелигиско општество. И покрај предизвиците во образованието и во другите области, претставниците на турската заедница во Северна Македонија даваат голем придонес во секоја сфера, во просветата, здравството, уметноста и спортот. Затоа, државата мора да ги отстрани и последните пречки за нашите сограѓани Турци да можат без никаков проблем да го остваруваат ова основно човеково право на образование.

Освен што со својата лојалност придонесува кон македонска татковина, турската заедница е и силна врска со братска и пријателска Турција. А плодови на тоа пријателство се одличните билатерални односи и заемната поддршка, многубројните инвестиции, заедничките проекти, донациите за образованието, науката, здравството и културата.

Ја користам оваа прилика да ви го честитам 21 Декември – Денот на наставата на турски јазик.

Нека е за многу години овој голем празник.

Стево Пендаровски

- Advertisement -
Ad image
Share This Article