Честитка од претседателката Сиљановска Давкова по повод празникот Курбан Бајрам

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, по повод големиот муслимански празник Курбан Бајрам, упати честитка до поглаварот на Исламската верска заедница, реис-ул-улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаху и до сите граѓани од исламска вероисповед.

„Почитуван  реис-ул-улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаху,

Дозволете ми Вам лично и на членовите на Ријасетот, муфтиите, имамите и на сите верници од исламска вероисповед во Република Северна Македонија, да Ви упатам срдечни честитки по повод големиот муслимански празник – Курбан Бајрам.

Најискрено посакувам празничните денови да донесат среќа, радост, љубов, хармонија и мир.

Курбан Бајрам ги потенцира благодетелта, дарувањето и солидарноста, инспирирајќи нѐ на хумани дела и поддршка на сите на кои им е потребна.

Да си даруваме и помагаме, да си бидеме поткрепа еден на друг, заедно во добро и лошо без разлика на верската, етничката, половата или било која припадност и да работиме на просперитетот на нашата татковина и благосостојбата на сите македонски граѓани.

Честит Курбан Бајрам.“ – порача претседателката Гордана Сиљановска Давкова.

Share This Article