More

    ЧЕСТИТКА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ПЕЦАКОВ ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН

    spot_img

    Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков упати честитка  до сите  Римокатолички верници  кои во недела  го празнуваат големи христијански празник  Велигден.

    – На сите сограѓани кои Велигден го празнуваат  по грегоријански  календар,  им посакувам празникот да го поминат во  мир, добро здравје  и семејна среќа. Само со почитување на традициите и  христијанските вредности, можеме да го сочуваме својот  идентитет и  вредностите  на нашето општество.  На тој начин  духовното благо го чуваме за идните  генерации   како  наследство од нашите претци од кои  сме научиле да  го цениме заедничкиот  живот,  достоинство и солидарност.

    На овој празник,  кога  го славиме животот  и вистинските вредности   се  мотивираме  да правиме добри дела со  желба Светот да биде подобар.

    Во деновите  кои ни претстојат  посакувам мислите да ги насочите на мир, љубов  и слога  меѓу  луѓето. Нека завладее  спокој во  душите, а во семејствата  радост.  Само со силна вера и надеж за подобро  утро  можеме  да истраеме на Христовиот  пат на  љубовта, вистината  и правдата.  Нека е  честит и благословен Велигден! – стои во честитката на градоначалникот Пецаков по повод Католички Велигден.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img