More

    Чешкиот премиер побара поголема воена помош по посетата на Киев

    spot_img

    Чешкиот премиер Петр Фиала го повика денеска Западот брзо да ги зголеми испораките на оружје за Украина, додека земјата се бори против руската инвазија.

    – Украинците имаат шанса против огромната супериорност (на Русија), само доколку западните земји ги снабдат доволно со воена технологија – изјави Фиала во Прага.

    Заедно со полскиот премиер Матеуш Моравјецки и словенечкиот колега Јанез Јанша, Фиала вчера отпатува во Киев за да покаже солидарност со Украина и да се сретне со нејзините лидери.

    Нивнаожеби ќе ве интересирата посета на главниот град на Украина беше прва на странски лидери од почетокот на руската инвазија на 24 февруари.

    – Треба да го зајакнеме снабдувањето со оружје и да вклучиме колку е можно повеќе земји. И тоа треба да се направи брзо, бидејќи за две недели може да биде предоцна. Ова треба да се направи во рок од неколку дена – истакна Фиала, додавајќи дека на Украина и се потребни пред се противтенковски и противвоздушни ракети.

    Чешката Влада денеска одобри воена помош за Украина во вредност од над 28 милиони евра.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img