Чешката полиција на своите патролни возила додаде и „ферари“ кое може да достигне брзина до 326 километри на час и беше одземено од криминалци.Полициските „ферари“ меѓу другото ќе се користат и за откривање и бркање учесници на нелегални трки и украдени возила.
„Ферарито“ ќе го возат специјално обучени полицајци.
Чешката полиција поседува стотици одземени возила од криминалци и тие се користат за борба против посериозни криминални активности низ целата земја.