More

    Чернобил остана без струја, нивото на радијација непознато!

    spot_img

    Нуклеарната централа Чернобил е целосно исклучена од мрежата поради акциите на руските напаѓачи, соопшти системскиот оператор Укренерго.

    „Поради воените дејствија на руските окупатори, нуклеарната централа Чернобил беше целосно исклучена од електричната мрежа. Нуклеарната централа нема струја. Воените акции се во тек, така што нема можност за обнова на линиите“, се вели во соопштението на Укренерго, а пренесува Интерфакс-Украина.

    Украинските власти велат дека не го знаат нивото на радијација во Чернобил откако руските сили го зазеле претходно за време на инвазијата, според Скај њуз.

    Украинската државна нуклеарна компанија предупреди дека од затворената нуклеарна централа во Чернобил може да се испуштат радиоактивни материи, бидејќи таа не може да го лади потрошеното нуклеарно гориво по прекинот на струја, пишува Ал Џезира.

    Од „Енергоатом“ наведуваат дека работите на поправка на приклучокот и повторно напојување на електраната, која беше окупирана од руски војници, не се можни бидејќи на тој простор има борби.

    Претходно, Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) соопшти дека повеќе нема контакт со системите за мониторинг на Чернобил.

    „Во моментов никој не разбира што се случува во Чернобил и што му се заканува на регионот. Ситуацијата е крајно опасна“, соопшти агенцијата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img