Челзи е продаден за 4,2 милјарди фунти

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Фудбалскиот клуб Челзи денеска потврди дека се договорени условите за продажба на клубот на конзорциум предводен од сопственикот на безбол тимот од Лос Анџелес, Тод Боuли за 4,25 милијарди фунти (5,2 милијарди долари) со што заврши 19-годишната сопственост на Роман Абрамович.

„ Челзи може да потврди дека се договорени условите за новата сопственичка група, предводена од Тод Боuли, „Клирлејк Капитал“, Марк Валтер и Хансјерг Вис, да го преземе клубот“, се вели во соопштението на Челзи.

Рускиот олигарх Роман Абрамович реши да го продаде Челзи во март, а потоа се најде под санкции од британската влада, по почетокот на војната во Украина.

Во соопштението на клубот се наведува дека новите сопственици на клубот ќе платат 2,5 милијарди фунти за акциите на клубот, а тие пари ќе одат на замрзната банкарска сметка за да бидат донирани во добротворни цели, како што претходно потврди Абрамович.

Конзорциумот, предводен од Боuли, исто така ќе обезбеди 1,75 милијарди фунти за инвестирање во англиската Премиер лига, вклучително и инвестиции во „Стемфорд Бриџ, академијата“ и женскиот тим на Челзи.

Продажбата се очекува да биде завршена до крајот на мај. За преземањето ќе биде потребно одобрение од Фудбалскиот сојуз на Англија и од Владата на Велика Британија.

Share This Article