More

    Чекам одговор од опозициските партии дали ќе ја поддржат Силјановска Давкова во вториот круг

    spot_img

    Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски гостуваше во вечерашното најново издание на емисијата „360 степени” на МРТВ1, повторно ги повика сите политички партии кои се декларираат како опозициони, на национално и државно единство против власта.

    – Јас повикав на национално единство, антивладино единство и сите политички партии кои што се на македонската политичка сцена се декларираат како опозициски политички партии се добредојдени – рече Мицкоски.

    Тој додаде дека поради националното и државното единство, тој во еден момент ги повика дури и Социјалдемократскиот сојуз за и тие да покажат капацитет и да испратат порака против ДУИ до нивните симпатизери и членови, што за жал, беше одбиен од Димитар Ковачевски и од Стево Пендаровски.

    – Дури и во еден момент јас и СДСМ го повикав да конечно почне да покажува знаци дека има кај нив капацитет за анти ДУИ порака кон нивните симпатизери и гласачи, бев одбиен за жал и навистина, многу жалам што таа шанса ја пропуштија и Пендаровски и Ковачевски. Но, ајде да заврши 8 мај, да ги видиме бројките и потоа можеме поконкретно да зборуваме – истакна Мицкоски.

    Во однос на изборните резултати на 8 мај, Мицкоски истакна дека очекува убедлива победа и дека според гласовите освоени во првиот круг од претседателските избори, ВМРО-ДПМНЕ би имала 53 пратеници, додека после вториот круг претседателски избори и прв круг парламентарни, очекува ВМРО-ДПМНЕ да освои над 55 пратеници.

    „Време е ДУИ да оди во опозиција“

    Јасен е исходот на 24-ти април, јасна е пораката на народот дека опозицијата треба да ја составува Владата. И ние конечно во Македонија мора да го напуштиме на принципот на шведска маса во политиката, не може сега една политичка партија да биде континуирано повеќе од 20 години малку со едната, малку со другата и така цело време да манипулира со граѓаните и со гласачите. Цениме дека треба да се даде шанса на опозицијата бидејќи јасна е пораката на граѓаните, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

    Тој посочи дека има многу малку гласови кои што ја поддржуваат работата на Владата.

    – Ако ги поделиме на провладини и антивладини гласови тогаш јасно е дека според провладините гласови кои што се за провладините кандидати се поразени на овие избори. Значи има опозициско расположение. Граѓаните во Македонија сакаат да видат Влада која што ќе ја формира опозицијата. Јасен е принципот во демократијата, тој што ќе формира 61 пратеник, тој ја формира Владата. Барем така важеше во 2017-тата правилото – потсети претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

    Мицкоски додаде дека е убеден дека ќе има мнозинство од 61 пратеник во Парламентот и Бадентерово мнозинство.

    – Многупати во политиката ја користам и математиката, и сега кога повторно ја користам математиката и направиме споредба што очекуваме да се случи сега и што се случи во 2006-тата ќе видите дека се различни работи. Ајде да направиме освежување на меморијата од 2006-тата, тогаш ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата која што ја предводеше имаше 45 пратеника, на тие се придадоа 6-7 пратеника од Новата социјалдемократска партија на Тито Петкоски и 11-те пратеника на ДПА. Ако се сеќавате тогашниот претседател на ВМРО Народна Љубчо Георгиевски рече еве јас имам како партија 6-7 пратеника ќе ја поддржам, така да не правете Влада со ДУИ. И имаше еден таков контекст. А, јас сега зборувам за многу посилен резултат од кој што би го имала Коалицијата „Твоја Македонија” предводена од ВМРО-ДПМНЕ од 44-45 пратеника, и ваков трилинг или квартет нема да биде потребен во Владата. Можеби ќе биде добро да имаме трилинг или квартет за 2/3 мнозинство доколку тоа е потребно имајќи в предвид дека имаме навистина амбициозна агенда за одредени реформи. Но, имајќи го в предвид новиот собраниски правилник на Деловник на работа, имајќи в предвид резултатот кој што очекувам дека ќе го има Коалицијата „Твоја Македонија” мислам дека не треба да се прави споредба и не може да се прави споредба бидејќи математички е поразлично тогаш и сега – појасни Мицкоски.

    Тој нагласи дека ДУИ ќе обвинува, но тоа е политика, тоа е легитимна алатка во политиката.

    – Но, јас колку што знам ДУИ формираше коалиција и во таа коалиција покрај ДУИ како албанска политичка опција имаат и бошњачка партија, има и турска партија, има и ромска партија или ромски претставник не знам дали Курто Дудуш има своја партија. Легитимен претставник е еден албански политички блок, тоа е коалицијата Влен – рече тој.

    Мицкоски укажа дека е време ДУИ да оди во опозиција. Предолго време оваа партија е на власт. Треба да се даде шанса и можности на другите да се истакнат.

    – Има многу работи што ценам дека треба да се променат на политичката сцена во Македонија, објективно кога ќе го прашате народот, граѓанинот во Македонија и тука не мислам на етничка припадност Македонци, Албанци и останати, огромно мнозинство би рекол 3/4 мнозинство се за тоа да ДУИ оди во опозиција – додаде Мицкоски.

    „Чекам одговор“

    Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека очекува опозициските партии да одговорат дали ќе повикаат, односно ќе дадат совет до своите поддржувачи во вториот круг да го дадат својот глас за Гордана Силјановска Давкова и конечно да има обединување против оваа власт.

    – Би сакал да слушнам одговор на две прашања и тоа е легитимно. Првото е дали ќе ги советуваат граѓаните кои го дале за нив гласот да излезат во вториот круг на претседателските избори и ако е одговорот да, тогаш каков ќе биде нивниот совет за кого да го дадат својот глас. Дали за Стево Пендаровски или за Гордана Силјановска Давкова, бидејќи логиката вели дека ако сте антивладин глас и ако антивладино гласате, тогаш логиката вели за Гордана Силјановска Давкова треба да гласате – изјави Мицкоски.

    Мицкоски посочи дека ова го очекува од сите кандидати кои се претставува како антивладини, односно покрај Максим Димитриевски, и од Арбен Таравари и од Билјана Ванковска и од Стевчо Јакимовски.

    – Ние имаме јасна позиција, човек кој излегол пред граѓаните со својот авторитет и пораки со своја политика и своја стратегија за понатаму. Тој не е небитен, неговиот став е битен. Неговата порака и став се важни за симпатизерите кои го дале гласот за него, тоа не е морална или неморална постапка. Јас не велам дека некој од нив ќе ги донесе гласовите, туку легитимно е како учесници во процесот да дадат совет – нагласи Мицкоски.

    Ќе си одговара секој кој се огрешил

    Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во однос на криминалот, корупцијата и скандалите на власта во земјата и за тоа колку е сериозен во намерата за тоа дека ќе има нулта толеранција за криминал и корупција истакна дека ќе си одговара секој кој се огрешил пред законот без оглед на се.

    – Јас сега немам друга алатка освен зборот и треба да се верува на зборот и треба да се верува на зборот и желбата тоа да се направи. Ценам дека преку работаат на градоначалниците и луѓето во локалната самоуправа покажавме и докажавме дека повеќе од 2,5 години немаме ниту основано сомнение за било каков криминал или корупција – кажа Мицкоски.

    Најдобро е тоа што се слуша по допрен глас да дојде до институциите еве ако до сега овие институции под ДУИ и под СДСМ не успевале да го слушнат тоа што се слуша јас би ги повикал сите оние кои што слушаат такво нешто да го донесат тој глас да го слушнат и институциите кои што утре идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги управува и јас ви гарантирам дека ќе нема милост кон никого, посочи тој.

    – За којшто ќе има докази се разбира. Сѐ што се темели на прекршување на закон и ако има такви докази. Вие велите се слуша тоа значи дека има допрен глас и тоа може да дојде до истражните органи истражните органи тој допрен глас ќе го истражат и доколку има докази за такво нешто јас ви гарантирам дека родена сестра да ми е ќе нема пардон. Тука нема пардон да има, како што рековте има многу политичари кои доаѓале со таква амбиција и таква реторика но за жал времето покажало дека или не успевале или пак се топеле во тоа сивило и тие продолжувале по тој пат. Јас сепак мислам дека сум поразличен од сите кои што ја воделе оваа држава и владата во Македонија – рече Мицкоски.

    Во однос на проверка на имотот и целосната состојба и имотот на судиите, Мицкоски истакна дека сето тоа ќе се направи со мечирање на податоците од неколку институции.

    – Ние многу јасно кажуваме дека ќе направиме проверка на сите граѓани а во нив ќе бидат и овие. Со мечирање на неколку бази на податоци меѓу кои што се УЈП, Катастарот Централниот Регистер и тн и да видиме дали приходите на некое физичко лице соодветствуваат со тоа што тој располага. И јас одам чекор понатаму во таа проверка и велам еве почнете од мене и од моето семејство. Да видиме Христијан Мицкоски во неговиот живот колку даноци уплатил колкави приходи имал преку УЈП, по сите основи, дали е тоа приход по личен доход, дивиденда, некој друг приход итн. Сето тоа УЈП го еведентира – рече Мицкоски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img