More

    Чеченскиот лидер демантираше дека му се влошила состојбата со црниот дроб и со бубрезите

    spot_img

    Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров излезе во живо на социјалните мрежи и ја демантираше веста дека е тешко болен. Тој беше во друштво на пратеникот на руската Дума, Адам Делимханов, за кој се тврдеше дека исчезнал.

    Изминативе денови на социјалните мрежи се појави вест дека Кадиров е тешко болен, а дека Делимханов исчезнал, а дури се споменуваше дека е тешко повреден. Меѓутоа, во видеото Кадиров и Делимханов пијат чај во кујната.

    – Кучињата лаат, карваните поминуваат. Живи сме и леб јадеме. Животот е интересен кога е краток. Затоа не сакаме да живееме долго, кратко, но вреди да се живее – рече Кадиров.

     

     

    Но, Кадиров уште од март месец ги негира шпекулациите за неговата смрт. Тој исто така тврдеше дека непознатиот предмет на прстот, кој привлече големо внимание, всушност бил електронски бројач за молитви и дека не е поврзан со неговото здравје.

     

     

    Претходно украинските медиуми меѓу кои и агенцијата Униан се повикаа на Телеграм и објавија дека Кадиров има влошени проблеми со бубрезите и со црниот дроб. Тие ја спомнаа објавата на Телеграм на неговиот син Адам, кој побарал од бога да го заштити неговиот татко.

    Чеченскиот дисидент Тумсо Умалтович Абдурахманов, познат на Јутјуб под псевдонимот Абу Садам Шишани, на Телеграм објави дека некои информации укажуваат дека Кадиров е на работ на смртта.

    „Дијализата веќе не му помага“, посочи тој.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img