Чат ГПТ предвидува дека Шведска ќе победи вечерва на Евросонг, по рекорден, седми пат. Победата би значела дека Шведска покрај Ирска, со седум победи ќе стане најуспешната земја во историјата на овој натпревар.
Чат ГПТ детално опишува како ќе изгледа вечерашното финале, според Betting sites, кои поставиле прашање кој ќе биде вечерашниот победник.
„Евровизија 2023 се одржа на 13 мај. Беше тоа динамична вечер исполнета со сензационални настапи и жестока конкуренција. По возбудливиот натпревар, земја победник беше Шведска со нејзината фантастична песна. Шведската натпреварувачка ги освои срцата на судиите и на публиката со својот посебен глас, хипнотизирачка изведба и комбинација на модерни и традиционални музички елементи. Добија воодушевувачки 398 бодови и со тоа осигурија заслужена победа“, напиша Чат ГПТ.
Вештачката интелигенција додала:
„Домаќините од Обединетото Кралство исто така покажаа врвна изведба. Обединетото Кралство доби импресивни 275 бодови и заврши во топ 5. Нивната песна имаше длабоко значење, моќни вокали и мелодија што се памти која ја препознаа гледачите ширум Европа. Песната на Украина беше моќна и набиена со емоции. Со својота изведба и емотивните вокали завршија во топ 3 со 315 бодови. Украина покажа единствена комбинација на модерни и традиционални елемента и на публиката ѝ пружи незаборавно доживување. Имајте предвид дека овие податоци се целосно измислени и не претставуваат вистински настани и резултати на финалето на Евросонг. Деталите се резултат на фантазија и креативност“.
Како и да е, Шведска е фаворит за овогодишна победа, а кладилниците им предвидуваат победа во сразмер 1:2.