Буркина Фасо и Мали застанаа на страната на пучистите во Нигер и распоредија авиони

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Буркина Фасо и Мали распоредија воени авиони во Нигер, објави нигериската ТВ РТН. Како што пренесува Анадолија, тие соседни земји испратиле воена опрема во Нигер за да им помогнат на нигериските пучисти да одбијат евентуален напад.

Се додава дека Мали и Буркина Фасо тврдат дека на овој начин ги спроведуваат своите обврски наведени во заедничката изјава за солидарност со Нигер. Во тој документ, на 31 јули, тие изразија солидарност со народот на Нигер, предупредувајќи дека секоја воена интервенција во Нигер ќе ја сметаат за објава на војна против Мали и Буркина Фасо.

Претходно, блокот на западноафриканските земји ЕКОВАС соопшти дека е подготвен за воена интервенција во Нигер доколку се издаде таква наредба. Таа одлука е донесена по дводневниот самит на министрите за одбрана на Западна Африка во Акра, главниот град на Гана.

Во ЕКОВАС членуваат 14 земји, вклучувајќи ги и Нигер, Буркина Фасо и Мали.

Од лани воените сили на Мали добиваат воени авиони и хеликоптери, по повлекувањето на француските трупи, а владата на Мали потпиша договори со руската воена формација „Вагнер“ за обука на нејзините трупи.

Share This Article