Бурата „Касандра“ предизвика значителни штети во западна Грција и однесе еден живот во Лепено

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Бурата „Касандра“ предизвика значителни штети во западна Грција и однесе еден живот во Лепено, известува грчкиот весник „Катимерини“.

Починатиот е 52-годишен чувар на фабрика за асфалт, кој бил пронајден околу шест километри од своето работно место, најверојатно однесен од поплавите. Претходно, пред да се изгуби врската со него, тој му соопштил на својот колега дека блиската река се излеала поради поројните дождови.

Во близина на Стратос и Ривио се пријавени сериозни штети, каде реките ги поплавија подрумите и блокираа автомобили.

На островот Крф, громови предизвикаа прекини во снабдувањето со електрична енергија,а поплавите на улиците предизвикаа наезда на глодари.

Пожарникарите расчистуваат паднати гранки и помагаат на поплавените хотели и продавници. Воздушниот сообраќај беше нарушен, а неколку авиони беа пренасочени.

Фото: Илустрација

Share This Article