More

    Бурата „Ханс“ што ја зафати северна Европа предизвикува сериозни штети

    spot_img

    Бурата „Ханс“ што ја зафати северна Европа предизвикува сериозни штети. Норвешките власти ги предупредија жителите да се подготват за „екстремно обилни врнежи“ со оглед на тоа дека бурата Ханс продолжува да беснее во северниот дел на континентот.

    Невремето предизвика одложени летови и поплавени патишта во Норвешка, Данска, Шведска, Литванија, Финска, Естонија и Летонија. Илјадници домаќинства вчера останаа без струја. Норвешката управа за водни ресурси и енергија предупреди на „екстремно обилни врнежи“ на југот на земјата и ги повика луѓето да избегнуваат „непотребни патувања“.

    Поплавите и одроните затворија десетици патишта во јужна Норвешка и во соседна Шведска. Норвешката полиција соопшти дека најмалку 119 лица биле евакуирани вчера до пладне.

    Данскиот метеоролошки институт извести за бранови високи до осум метри. Во понеделникот, во Литванија загина жена откако врз неа падна дрво. Во соседна Летонија веќе има две жртви на вакви инциденти.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img