Најмалку 27 лица се прогласени за загинати на истокот на Либија, како последица на големите поплави предизвикани од силното невреме Даниел за време на викендот, кое претходно уништи дел од Грција.
Во Либија градот Дерне е прогласен за зона на катастрофа, од каде се уште се очекуваат информации за жртви.
Невозможен е пристап до градот Дерна, кој беше најтешко погоден, а локалните медиуми јавуваат дека таму нема струја и комуникации.
Министерот за здравство на владата која управува со источниот дел на Либија, Отман Абдулџалил, додаде дека повеќе од 50 луѓе исчезнале во поплавите.
Се очекува бурата Даниел денеска да стигне до западен Египет.