Сириската исламистичка бунтовничка организација Хајат Тахрир ал-Шам (ХТС), која го зазеде Дамаск, објави дека подготвува список на функционери, од владата на соборениот претседател Башар ал Асад, кои се одговорни за тортурата за време на неговото владеење, објави Би-Би-Си.
Додека продолжуваат истрагите во притворните центри на Асад, бунтовниците синоќа известија дека пронашле речиси 40 тела во болничка мртовечница, на кои имало знаци на тортура од страна на режимот на Асад.
Тие ќе понудат и награди за информации за офицерите на сириската армија, вклучени во воени злосторства. Водачот на ХТС, Абу Мохамед ал-Џавлани, рече дека ќе ги објави имињата на одговорните за тортурата и ќе побара репатријација за оние кои побегнале во други земји.
Тој додаде дека ќе бидат обезбедени награди за информации за високи воени и безбедносни офицери, вклучени во „воени злосторства“.