Бунтовниците од вилата на Асад изнесуваат вреќи пари

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

На снимките објавени на социјалните мрежи се гледа колекција од луксузни автомобили кои му припаѓале на соборениот сириски претседател Башар ал Асад. Освен тоа, на видеата се гледа како бунтовниците ја ограбуваат неговата луксузна вила и земаат пари, но и кутии на Луј Витон од Централната банка.

На видеото се гледа дека автомобилите биле складирани во гаража во близина на претседателската палата во Дамаск, јавува Си-Ен-Ен, наведувајќи дека во колекцијата на Асад има повеќе од 40 луксузни возила.

 

 

Меѓу автомобилите е црвено „ферари“ Ф50, кое вреди повеќе од три милиони долари, потоа „ламборџини“, „ролс ројс“ и „бентли“, а најмалку едно од возилата е со таблички од Дамаск.

 

 

На социјалните мрежи беа објавени и снимки од рацијата во кујната на Асад, каде што бунтовниците пронајдоа рецепти со кои готвачите подготвуваат оброци за семејството.

– Храна за госпоѓата: Не сака спанаќ – нема повеќе да го готвиме. Утре ќе готвиме лосос или риба – гласела една белешка во тетратката – пренесува Си-Ен-Ен. Исто така, беа објавени видеа на кои се гледа како бунтовниците и граѓаните земаат вреќи полни со пари од Централната банка.

- Advertisement -
Ad image

 

 

На снимката со која располага Ројтерс се гледаат луѓе како влегуваат во претседателската палата, додека децата трчаат по огромните соби, а мажите туркаат голем ковчег преку луксузниот паркет.

- Advertisement -
Ad image

Може да се видат неколку мажи од палатата како носат елегантни столчиња на рамениците. Ограбени се шкафовите во магацинот, а бројни предмети се расфрлани на подот.

 

 

Се појавија и видеа на кои се гледа како бунтовниците и граѓаните упаднале во гардеробата на Башар ал Асад и неговата сопруга Асма, позната по својот луксузен начин на живот и одземаат скапа облека.

По подот се расфрлани чаршафи и ќебиња, а маж ги изнесува познатите портокалови кутии „Луј Витон“.

Share This Article