More

    Бунтот на „Вагнер“ ги раздвижи берзите

    spot_img

    На отворањето на Московската берза денеска, вредноста на руската рубља падна и во однос на доларот и во однос на другите светски валути, пишува Радио Слободна Европа (РСЕ).

    Американскиот долар се тргуваше за повеќе од 86,88 рубљи во 07:00 часот по локално време (08:00 часот по средноевропско време), што е најниско ниво на руската валута од 30 март минатата година. Во исто време еврото скокна на 94,44 рубљи, а кинескиот јуани на 11,93 рубљи.

    Утрово и цените на нафтата на светските берзи пораснаа за 1,40 отсто во однос на претходниот ден..

    Саботниот бунт на платеничката група „Вагнер“ во Русија предизвика страв на пазарите поради можна политичка и економска нестабилност во земјата, пренесуваат агенциите.

    Со посредство на белорускиот претседател беше договорено Пригожин да замине во Белорусија и неговите војници да не бидат казнети за бунтот.

    Платениците на паравоената група „Вагнер“ се побунија откако Пригожин ја обвини руската војска дека извршила смртоносен напад врз неговите сили во Украина, каде што тие се борат на руска страна.

    Иако се чини дека кризата за Кремљ засега стивна, светските лидери и аналитичари велат дека последиците од вооружениот бунт би можеле да траат со месеци.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img