Министерот за надворешни работи на Бугарија Иван Кондов денеска ја повикал на средба македонската амбасадорка Агнеза Руси Поповска.
Во текот на разговорот, министерот Кондов изразил загриженост и несогласување со постапувањето на граничните власти на Република Северна Македонија на граничниот премин Ново Село, кои на 6 мај не им дозволиле влез на бугарскиот евтопратеник Андреј Ковачев, на претседателот на Фондацијата „Бугарска меморија“ Милен Врабевски, како и на уште тројца бугарски државјани, соопшти бугарското МНР.
Кондов рекол дека таквата мерка ја смета за неоснована и некомпатибилна со европските принципи и норми, кои Република Северна Македонија се обврзала да ги почитува.
„Од бугарска страна беше констатирано дека е неприфатливо да се составуваат списоци за забрана за државјани на земја-членка на ЕУ. МНР очекува да биде информирано за критериумите според кои бугарските граѓани и европските парламентарци се вклучени во таквите списоци. Министерот Кондов истакна дека слични постапки на официјални институции во Северна Македонија, кои не се случуваат прв пат, имаат негативно влијание кај бугарската јавност и предизвикуваат неоспорна штета на градењето на добрососедските односи меѓу двете земји“, се наведува во соопштението објавено на веб страницата на бугарското МНР.