More

    Бугарските медиуми објавија детали за убиството во Сончев Брег

    spot_img

    Бугарските медиуми објавија детали за убиството во Сончев Брег, каде, како што наведуваат, убиен е 49-годишниот Македонец Игор Николовски.

    Како што пишува бугарскиот сајт „Flagman.bg“, суровото злосторство го извршил вчера 14-годишниот Михаил Х. Тој со дрвен кол ја нападнал својата жртва по главата. По смртоносните удари телото го однел во шумата во близина на ресторанот „Бачвата“ и го покрил со даски. Но, полициските службеници многу брзо ги пронашле и трупот и сторителот.

    Според информации од познаници, убиството се случило откако повозрасниот маж сакал да има интимна врска со малолетниот Михаил. Двајцата се сретнале на Сончев Брег, по што Македонецот на 14-годишното момче му понудил да го почести. За време на состанокот, 49-годишниот маж наводно му предложил на момчето да одат на затскриено место за да имаат секс. Момчето се налутило, зел дрвен кол и почнало да го удира по главата. Неколку удари биле доволни за да го изврши бруталното убиство.

    Сепак, полицијата сѐ уште не ја потврди оваа верзија. Тие работат на сите верзии, вклучително и грабеж. Допрва ќе се утврдува кои биле мотивите на Михаил да го изврши грозоморното злосторство. Според информациите на медиумите, момчето било доста проблематично и наводно имало криминално досие.

    Доколку биде прогласно за виновно, на 14-годишното момче му се заканува затворска казна до 5 години, бидејќи е малолетно.

    Од flagman.bg известија дека Игор со години живеел на Сончев Брег, имал привремен престој во Бугарија, а последен пат во земјата влегол на 24 јануари преку граничниот премин Деве Баир-Ѓуешево.

    И македонското Министерство за надворешни работи (МНР) го потврди убиството на И.Н. Според првични информации кои Амбасадата на Македонија во Бугарија ги добила од надлежните институции на Бугарија, во текот на вчерашниот ден е пронајдено безживотно тело на И.Н. (49 години), државјанин на Република Северна Македонија.

    „Амбасадата на Северна Македонија во Софија продолжува да биде во редовна комуникација со надлежните органи во Бугарија, од кои се очекуваат повеќе информации во врска со случајот и за текот на постапката за целосно расчистување на случајот, за што МНР дополнително ќе ја информира јавноста. Воедно Амбасадата останува на располагање на семејството на починатиот граѓанин за евентуални потреби“, соопштија од МНР.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img