Бугарскиот премиер Николај Денков во свое обраќање од Европскиот парламент ги коментирал односите на неговата земја со Македонија, потсетувајќи дека Бугарија е првата земја во светот што ја признала нашата држава како независна европска земја.
– За жал, со текот на годините нашите односи се влошија и не мислам дека Бугарија е виновна за тоа. Затоа сакам јасно да кажам дека Бугарија во моментов нема други барања кон Северна Македонија, освен оние што беа утврдени во одлуката на Европската Унија минатата година, заклучил Денков, пренесуваат бугарските медиуми нагласувајќи дека Северна Македонија мора да го исполни договорот.
Додал дека во однос на ова прашање, не прифаќа никакви критики кон неговата земја.
Ваквата изјава на Денков следува откако неколку европратеници ја повикале Софија да му го отвори патот на Скопје кон пристапувањето во ЕУ, за чија европска определба нема сомневања, бидејќи за да ѝ се отворат вратите за преговори таа го промени и името.
фото: МИА