More

    Бугарскиот пасош сега е многу профитабилен бизнис во Албанија, поисплатлив дури и од одгледувањето марихуана

    spot_img

    Бугарскиот пасош сега е многу профитабилен бизнис во Албанија, поисплатлив дури и од одгледувањето марихуана. За бугарски пасош припадник на македонската заедница може да плати пет илјади евра, додека Албанците плаќаат по 25 илјади евра. Во Албанија има илјадници албански државјани кои аплицирале за бугарски пасош, повеќето од нив се со албанско потекло кои овој бугарски пасош го извадиле со наплата на голема сума пари, за да ги користат привилегиите на Европската Унија – вели Васил Стерјовски, претседател на единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ за една од најгледаните албански телевизии Еуроњуз на албански јазик.

    На прашањето дали Македонците со добивањето на пасош ја негирааат македонската етничка припадност, Стерјовски категорично одговара:

    – Не, никогаш. Македонците, што добиле бугарски пасош, а се малку по број, никогаш не се откажале од македонската националност  вели Стерјовски.

    Тој посочува дека последниве години, посебно во областите каде што живее македонската заедница, во Пустец, Врбник, Голо Брдо, Гора имаме агресивна кампања за асимилација на Македонците, особено во пресрет на пописот на населението и домаќинствата што во понеделник почнува во земјата.

    – Бугарската агресивна кампања, посебно пред пописот, нема да не поколеба и повеќе од убеден сум дека каде и да живееме во Албанија ќе се изјасниме она што сме – Македонци. Ние живеме на границата со Македонија, каде живеат нашите браќа. Еве гледајте на оваа страна се Македонци во Македонија, на другата е исто така Преспа-Грција и таму живеат Македонци. Ние тука сме староседелци, не сме дошле од друго место и затоа не можеме да бидеме Бугари. Во меморијата на Македонците кои живеат во Албанија неизбришливо стојат масакрите кои ги направиле бугарските окупатори за време на окупацијата на Албанија во Првата и Втората светска војни, кога репресиите биле најсилни токму врз Македонците – вели Стерјовски.

    Тој потсетува дека во 2017 година албанската влада и Парламентот го усвоиле Законот за заштита на националните малцинства, кога под силен притисок и условување со членството во ЕУ, владата призна непостоечко бугарско малцинство во земјата.

    – Сега проблемот на Бугарија е што од една страна, ја принуди Албанија да признае бугарско малцинство, но од друга страна, вакво малцинство не фигурира во граѓанската евиденција во Албанија зашто во ниту еден до сега спроведени 11 пописи како Бугарин не се изјаснило ниту едно лице – посочува претседателот на партијата на Македонците во Албанија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img