Бугарскиот европратеник Ковачев ѝ се закани на ВМРО-ДПМНЕ

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Бугарија ја информира Европската народна партија (ЕНП) за однесувањето на ВМРО-ДПМНЕ и ќе побара исклучување на партијата од ЕНП, обзнани за БНТ бугарскиот европратеник Андреј Ковачев. Тој вели дека ВМРО-ДПМНЕ „на секој начин докажуваат дека сакаат да бидат со Фидес, партијата на Орбан“.

– Тоа си е нивна желба и тие многу се оддалечуваат од вредностите на ЕНП и европската демократија – оценил Ковачев додавајќи дека „тие се обидуваат да нѐ провоцираат, за да може земјата (Бугарија) да биде виновник, а тие да си тргнат натаму каде што тргнале со Вучиќ и Орбан, кон Кина и Русија.

Изјавата на Ковачев доаѓа по бурните реакции на повеќе бугарски политичари и државниот врв во Софија во врска со изјава на македонскиот вицепремиер Александар Николоски, кој реагираше на скандалот со неистакнувањето на македонското знаме при посетата на македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова на Софија и средбата со нејзиниот бугарски колега Румен Радев.

Николоски во вторникот во гостување на ТВ Алфа рече дека очигледно домаќинот Бугарија не е цивилизиран и дека помизерни од нив се само домашните слуги.

За Ковачев, изјавите на Николоски биле координирани со оние на Мицкоски, а Бугарија се однесувала „исклучително цивилизирано и европски”, додека, како што вели тој, Македонија го погазила Договорот за добрососедство, кој е одобрен од парламентите во двете земји.

Во меѓувреме, бугарското Собрание сака да ја сослуша италијанската амбасадорка во Бугарија, во врска со посетата на Македонија на италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани.

Тајани предизвика бура во Софија со својата изјава пред доаѓањето во Скопје со следната изјава:

– Работиме на надминување на секоја пречка на патот на Скопје за пристапување кон ЕУ – рече тој во пресрет на посетата.

Италијанската амбасадорка не можела да присуствува на седницата бидејќи била во странство.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article