Бугарскиот амбасадор во Тирана ги подгреа очекувањата

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Бугарија и Северна Македонија водат интензивни разговори и наскоро се очекува работните групи да постигнат конкретни резултати, изјави денеска бугарскиот амбасадор во Тирана, Момчил Рајчевски за време на посетата на Корча.

– Ние сме во период на многу интензивни разговори со Северна Македонија. Новата бугарска влада формираше 10 работни групи кои работат за заеднички интерес и очекуваме наскоро да постигнат конкретни резултати. Претседателот Мета беше во официјална посета на Софија каде што бугарскиот претседател ја истакна безусловната поддршка на Бугарија за интеграцијата на Република Албанија – изјави Рајчевски, во одговор на новинарско прашање дали Бугарија ја поддржува интеграцијата на Северна Македонија и Албанија во ЕУ.

Дипломатскиот претставник на Софија во Тирана посочи дека неговата земја била и ќе остане еден од најактивните поддржувачи на европското проширување.

Тој не сакаше да ја коментира најавата на премиерот Еди Рама дека Албанија од ЕУ ќе побара одвојување од Северна Македонија во интегративниот процес.

– Што ќе бара Албанија е одлука на Република Албанија. Не можам да коментирам кога станува збор за условите, но повторно велам дека Албанија си ја заврши својата работа – рече бугарскиот амбасадор.

На прашањето дали со оглед на војната во Украина, ЕУ треба да направи повеќе за Западниот Балкан, Рајчевски рече дека Унијата веќе прави многу, но смета дека „најважно во моментов е сите да се фокусираат на завршување на војната“.

Амбасадорот Рајчевски беше во поста на Универзитетот „Фан С. Ноли“ во Корча заедно со делегација составена од раководители и професори на бугарските универзитети.

Share This Article