Бугарскиот амбасадор продолжува со дипломатската служба во Македонија

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Бугарскиот амбасадор во земјава Ангел Ангелов им се враќа на своите дипломатски должности во Северна Македонија во полн капацитет, е известувањето кое денеска пристигнало во македонското МНР, дознава „360 степени“.

Амбасадорот Ангелов денеска во Скопје пристигна со бугарскиот министер за внатрешни работи Иван Демерџиев, кој се сретна со македонскиот колега Оливер Спасовски, и практично останува во земјава.

Бугарското МНР минатата недела го повика Ангелов на консултации во Софија поради, како што информираа оттаму, сериозната состојба во однос на правата на Бугарите во Северна Македонија и ескалацијата на актите и злосторствата од омраза против нив во последните месец.

Share This Article