More

    Бугарската шефица на дипломатијата и вицепремиерка им одговори на новинарите во бугарскиот парламент

    spot_img

    Вицепремиерката и шефица на бугарската дипломатија, Марија Габриел на седницата на бугарскиот парламент посочила дека уставните измени не се единствениот услов за патот на Македонија кон членство во Европската унија, туку и почитувањето на Договорот за пријателство и добрососедство и двата протокола, пренесува БТА.

    – Ние имаме три меѓусебно поврзани инструменти и многу јасен став на Националното собрание… Бугарија има многу јасна позиција пред целата Европска Унија. Ние сме земја членка и како такви со нашите барања до РСМ порачуваме дека кога сакаш да бидеш членка на Европската Унија мора да ги исполниш обврските што самиот си ги презел – одговорила Марија Габриел на новинарско прашање за тоа дали Македонија го почитува тоа што Бугарија го бара од неа.

    Македонскиот Дојче Веле во своја анализа посочува дека Габриел во изјавата пред неколку дена всушност се повикала на декларација која била донесена во Европскиот парламент веднаш по завршувањето на самитот ЕУ-Западен Балкан минатата недела. Оваа Декларација, која била усвоена со консултација со шесте земји од Западен Балкан, освен што споменува дека земјите треба да работат на добрите меѓусоседски односи и односите со Унијата, ги споменува и малцинствата, поточно дека ЕУ ги повикува партнерите „да ги гарантираат правата на припадниците на малцинствата и нивниот рамноправен третман“.

    Во таа насока, во Декларацијата е истакната потребата од „видливи резултати во спроведувањето на билатералните договори, меѓу кои и Преспанскиот договор со Грција и Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија“, но и повикува да се пронајдат и да се спроведат конечни, инклузивни и обврзувачки решенија во однос на регионалните и билатералните спорови и прашања меѓу партнерите, вкоренети во наследството од минатото – во согласност со меѓународното право и воспоставените принципи…“.

    Габриел, повикувајќи се на овој текст изјавила дека заштитата на малцинствата е критериум на рамниште со другите европски критиериуми, како што се реформите на судство и на администрацијата. Потенцирајќи го оваа таа нагласила дека Бугарија нема билатерален проблем со Македонија.

    Бугарската шефица на дипломатијата исто така посочила дека она што е важно за Бугарија е да го види напредокот во другите насоки, доколку има тешкотии со уставните измени. Во таа насока, Габриел рекла дека се одржале два технички состаноци во јули во Софија и во октомври во Скопје, на кои е констатирано дека, за жал, нема напредок.

    Денеска, одговарајќи на новинарски прашања, коментар на изјавата на бугарската вицепремиерка и шефица на дипломатијата даде вицепремиерот за европски прашања во македонската Влада, Бојан Маричиќ, според кого единствен услов за отворање на првиот кластер во преговарачкиот процес со ЕУ се уставните измени и оти тоа јасно го пишува во заклучоците на Европскиот совет, а дека секоја друга изјава ќе ја гледа како политички став.

    Маричиќ ги коментираше двете нови истражувања на Институтот за демократија „Социетас цивилис“ во соработка со Фондацијата Конрад Аденауер во кои, меѓу останатото, се заклучува дека оваа година драстично опаднала поддршката на македонските граѓани за ЕУ, дека само 24 отсто од граѓаните се за уставни измени и дека само половина од младите на возраст од 18 до 24 години гледаат позитивно на можното членство во Унијата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img