More

    Бугарија се жали дека лажните дојави се „лансираат“ преку границата

    spot_img

    Првиот човек на Софискиот безбедносен форум, Јордан Божилов, тврди дека лица од Македонија ги испраќаат лажните дојави за бомби во бугарските училишта.

    – Се работи на различни верзии, од кои едната е хибридни закани поврзани со Русија, но ќе одговараат и неколку Македонци кои се поврзани со една од политичките партии во Македонија. Уште во октомври минатата година оттаму почнаа да се испраќаат масовни мејлови за закани со бомби до училиштата, до Централната банка и до градинките. Во февруари годинава имало 560 закани. Заканите со бомби за март се намалени речиси до нула – имаше само 9. Сите се од ист тип“, изјави Божилов, за 24 часа.

    Тој додава дека многу е тешко да се докаже кои се сторителите.

    – Во Македонија е утврдено дека серверите од кои се испраќаат електронските пораки се наоѓаат во Русија и во Иран – додава Божилов.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img