More

    Бугарија може да одлучи како да ги користи приходите што ќе ги добива од данокот од 10 евра/MWh за увоз на руски гас што минува низ нејзина територија

    spot_img

    Бугарија може да одлучи како да ги користи приходите што ќе ги добива од данокот од 10 евра/MWh за увоз на руски гас што минува низ нејзина територија, потврди Европската комисија откако минатиот четврток бугарскиот премиер Николај Денков објави дека во тек се консултации меѓу Бугарија и Европската комисија за енергетскиот данок воведен на 13 октомври.

    Бугарија очекува до 1,5 милијарди евра годишен приход од новиот данок, за кој Денков рече дека може директно да оди во буџетот на ЕУ. Будимпешта и Белград велат дека дополнителниот данок ќе го поскапи рускиот гас за 20 отсто, а Бугарија тврди дека тоа ќе мора да го плати производителот „Газпром“.

    „Газпром“ допрва треба јавно да се изјасни за новововедениот данок на енергија, а сè уште не е јасно дали имаат намера да го плаќа. Пред една недела бугарскиот министер за финансии Асен Василев рече дека доколку „Газпром“ одбие да плати, ќе биде запленет неговиот финансиски колатерал од договорите во Бугарија или имотот во земјата, пренесуваат српските медиуми.

    Минатата недела министерот за економија Крешник Бектеши најави дека ќе бара отштета од Бугарија и дополнителна поддршка од Европската Унија доколку Бугарија воведе такса за природниот гас што се испорачува преку нејзина територија. Бектеши вели дека тоа би ја зголемило цената на гасот што во земјата го користат компаниите.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img