More

    Бугарија купува природен гас по цена од 100 евра

    spot_img

    Бугарскиот технички вицепремиер и министер за транспорт Христо Алексиев за БТВ коментираше дека неговата земја не добила ништо од количества гас од „Гаспром”, што ѝ следувале согласно договорот меѓу нив.

    Како што јави дописникот на МИА од Софија, Алексиев појаснил дека Бугарија нема потреба од овие количества гас од Русија.

    – Бугарската преодна влада за два месеци постигна целосна диверзификација, и тоа по многу добра цена, што можеше да се види по цените за ноември, што ќе бидат под 200 лева (100 евра) за мегават час – рече Алексиев.

    Тој изјави дека на тендерите за природен гас за Бугарија учествувале 15 компании од Европа, САД и од Арапскиот Полуостров, а следната недела ќе се склучат два договори за течен гас за ноември по многу добри цени. Следната аукција треба да се отвори во декември.

    – Овој месец ќе ги отвориме и понудите за среднорочниот тендер што ќе ја покрие не само грејната сезона, туку ќе стигне и до крајот на следната година – рече Алексиев.

    Од почетокот на август, кога почна со работа техничката влада на Бугарија, цената на бензините е намалена за 40 центи (20 евроценти).

    Алексиев истакна дека просечната потрошувачка на струја од едно семејство во Бугарија е околу 200 киловат часови. Неговата земја ќе постави граница од 250-300 киловат часови, за да можат нормалните семејства да имаат корист од тоа.

    -А кој сака и користи повеќе ќе плати повеќе, изјави бугарскиот вицепремиер.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img